Нега и чистење, 1 периодично чистење, 2 одмрзнување на замрзнувачот – Electrolux EC2233AOW Manuel d'utilisation

Page 41

Advertising
background image

• внимавајте смрзнатите прехранбени

продукти да се пренесат од продавницата

до замрзнувачот во најкраток можен рок;

• не отворајте го капакот често и не

оставајте го отворен подолго отколку што е

неопходно.

• Штом ќе се одмрзне, храната се расипува

брзо и не може повторно да се смрзне.

• Не надминувајте го препорачаниот период

за чување.

8. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

ВНИМАНИЕ

Исклучете го апаратот од струја пред

да вршите каква било постапка за

одржување.

Апаратот содржи јагленохидрати во

уредот за ладење; одржувањето и

повторното полнење може да ги

вршат само овластени техничари.

8.1 Периодично чистење

1.

Исклучете го апаратот.

2.

Извадете го приклучникот за струја од

штекерот.

3.

Редовно чистете ги апаратот и

додатоците со топла вода и неутрален

сапун. Чистете ја гумата на капакот

внимателно.

4.

Целосно исушете го апаратот.

5.

Ставете го приклучникот за струја во

штекерот.

6.

Вклучете го апаратот.

ВНИМАНИЕ

Не користете детергенти, груби

производи, многу парфимирани

средства за чистење или восок за

полирање за чистење на

внатрешноста на апаратот.

Спречете оштетувања на системот за

ладење.

Нема потреба да се чисти

компресорот и околу него.

Многу средства за чистење кујнски површини

содржат хемикалии што може да ја нагризат

или оштетат пластиката на апаратот. Поради

тоа, се препорачува надворешноста на

апаратот да се чисти само со топла вода со

малку течност за миење.

8.2 Одмрзнување на замрзнувачот

Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз

ќе достигне дебелина од околу 10-15 mm.

Најдобро време за одмрзнување е кога

замрзнувачот е празен или содржи малку

храна.

За да го отстраните мразот, постапете на

следниов начин:

1.

Исклучете го апаратот.

2.

Извадете ја храната, завиткајте ја во

неколку слоја весник и ставете је на

студено место.

3.

Оставете го капакот отворен, извадете го

капакот од одводот за одмрзната вода и

соберете ја водата во сад. Користете

гребач за брзо отстранување на мразот.

4.

Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете

ја внатрешноста темелно и вратете го

капакот на место.

5.

Вклучете го апаратот.

6.

Поставете го регулаторот на

температурата да добиете максимално

ладење и оставете го апаратот да работи

два-три часа со оваа поставка.

7.

Вратете ја извадената храна во

комората.

Не користете метални алатки за

гребење на мразот, зашто може да го

оштетите апаратот. Не користете

механички уреди или вештачки

средства за забрзување на топењето

освен оние што ги препорачува

производителот. Покачувањето на

температурата на смрзнатата храна

за време на одмрзнувањето може да

го скрати нивниот век на чување.

Количината на мраз на ѕидовите од

апаратот ќе се зголеми со

зголемување на нивото на влага во

надворешната околина и ако

замрзнатата храна не е соодветно

завиткана.

МАКЕДОНСКИ

41

Advertising