Помошни напомени и совети, 5 корпи за складирање, 6 пластичен долен разделник – Electrolux EC2233AOW Manuel d'utilisation

Page 40: 1 совети за смрзнување, 2 совети за чување смрзната храна

Advertising
background image

6.5 Корпи за складирање

A

B

Обесете ги корпите на горниот раб на

замрзнувачот (A) или ставете ги во

внатрешноста на замрзнувачот (B). Свртете

ги и зацврстете ги рачките за овие две

положби како што е прикажано на сликата.

230

200

946

1061

1201

1336

1611

Корпите ќе влезат една во друга.

Следниве слики покажуваат колку корпи може

да се стават во внатрешноста на разни

модели на замрзнувачот.

Може да купите дополнителни корпи од

локалниот сервисен центар.

6.6 Пластичен долен разделник

Со долниот разделник може подобро да го

искористите просторот над компресорот.

Просторот што ќе се формира на овој начин

ќе ви овозможи да складирате мали пакувања

храна кои може полесно да се најдат.

Разделникот може да се користи и

како корито при одмрзнувањето на

замрзнувачот.

7. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ

7.1 Совети за смрзнување

За најдобро користење на смрзнувањето, еве

неколку важни совети:
• максималното количество храна што може

да се смрзне за 24 часови е покажано на

плочката со спецификации;

• смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се

додава храна за смрзнување во тој период;

• смрзнувајте само квалитетна, свежа и

убаво измиена храна;

• поделете ја храната во мали порции за да

може брзо и целосно да се смрзне и за да

овозможите одмрзнување само на

потребните количества;

• завиткајте ја храната во алуминиумска или

пластична фолија убаво и стегнато;

• не дозволувајте свежата несмрзната храна

да ја допира храната што е веќе смрзната,

за да не ја загреете вторава;

• немасната храна се чува подобро и

подолго отколку масната; солта го

намалува векот на чување на храната;

• водениот мраз, ако се конзумира веднаш

по вадењето од преградата на

замрзнувачот, може да предизвика

смрзнатици на кожата;

• препорачливо е да се запише датумот на

смрзнување на секое пакување за да

можете да водите сметка за времето на

смрзнатост.

7.2 Совети за чување смрзната

храна

За да добиете најдобри перформанси од

апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
• проверувајте дали комерцијалните

смрзнати прехранбени продукти биле

соодветно чувани кај продавачот;

40 www.electrolux.com

Advertising