Прва употреба, Секојдневна употреба, 2 аларм при висока температура – Electrolux EC2233AOW Manuel d'utilisation

Page 39: 1 чистење на внатрешноста, 1 смрзнување свежа храна, 2 чување смрзната храна, 3 отворање и затворање на капакот, 4 систем кој не произведува мраз

Advertising
background image

4.2 Аларм при висока температура

Зголемувањето на температурата во

замрзнувачот (на пример, поради снемување

струја) се покажува со палење на светлото за

аларм.

Не ставајте храна во замрзнувачот за време

на тревожењето.

Кога ќе се воспостават нормални услови,

светлото за аларм ќе се исклучи автоматски.

5. ПРВА УПОТРЕБА

5.1 Чистење на внатрешноста

Пред првото користење на апаратот, измијте

ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци

со млака вода и малку неутрален сапун за да

се отстрани карактеристичниот мирис на

новите производи, па исушете го темелно.

Не користете детергенти или груби

прашоци, тие може да ја оштетат

политурата.

6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА

6.1 Смрзнување свежа храна

Комората на замрзнувачот е погодна за

замрзнување свежа храна и чување смрзната

и длабоко смрзната храна подолго време.

За да смрзнете свежа храна, вклучете ја

функцијата Action Freeze барем 24 часа пред

да ја ставите храната да се мрзне во

комората.

Максималното количество храна што може да

се смрзне за 24 часа е одредено на плочката
со спецификации

3)

Смрзнувањето трае 24 часа: за време на овој

период не додавајте друга храна за мрзнење.

6.2 Чување смрзната храна

По првото вклучување или по извесен период

некористење, пред да ставите производи во

преградата, оставете апаратот да работи

барем 2 часа на најголемата поставка.

Во случај на случајно одмрзнување,

на пример поради снемување струја,

ако немало струја подолго време

отколку под ставката "време на

одржување" во табелата за технички

карактеристики, одмрзнатата храна

мора да се изеде брзо или да се

зготви веднаш, а потоа повторно да

се смрзне (откако ќе се излади).

6.3 Отворање и затворање на

капакот

Бидејќи капакот има гума што затвора

херметички, не е лесно повторно да се отвори

веднаш откако ќе се затвори (поради

вакуумот што се создава внатре).

Почекајте неколку минути пред потворно да го

отворите сандакот. Вакуумскиот вентил ќе ви

помогне да го отворите капакот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не влечете ја рачката со голема

сила.

6.4 Систем кој не произведува мраз

Апаратот е опремен со Систем кој не

произведува мраз (можете да видите вентил

внатре во замрзнувачот, на задната страна) и

кој го намалува таложењето на мраз внатре

во замрзнувачот за 80 проценти.

3) Видете во "Технички податоци"

МАКЕДОНСКИ

39

Advertising