3 грижа и чистење, 4 отстранување – Electrolux EGC3322NOK Manuel d'utilisation

Page 62

Advertising
background image

• Не вклучувајте ги ринглите со празни

садови за готвење или без садови за

готвење.

• Не ставајте алуминиумска фолија на

апаратот.

• Садовите за готвење направени од лиено

железо, алуминиум или со оштетено дно

може да предизвика гребнатини на

стаклото или стакло-керамиката. Овие

предмети секогаш кревајте ги кога треба да

ги преместувате на површината за

готвење.

• Овој апарат е наменет само за готвење. Не

употребувајте го апаратот за друга намена,

на пример за загревање на соба.

• Употребата на апарат за готвење на гас

произведува топлина и влага. Обезбедете

добра вентилација во собата каде е

монтиран апаратот.

• Погрижете се отворите за вентилација да

не бидат блокирани.

• Продолженото интензивно користење на

апаратот може да бара дополнителна

вентилација, на пример, отворање

прозорец или поефикасна вентилација,

односно зголемување на јачината на

механичката вентилација, онаму каде што

ја има.

• Користете само стабилни садови за

готвење со правилен облик и дијаметар не

поголем од димензиите на пламениците.

Постои ризик од прегревање и пукање на

стаклената површина (ако е применливо).

• Потрудете се пламенот да не се изгасне

кога брзо ќе го свртите копчето од

максималната во минималната положба.

• Потрудете се тенџерињата да бидат

централно поставени на прстените и да не

излегуваат надвор од краевите на

површините за готвење.

• Користете го само дополнителниот прибор

испорачан заедно со апаратот.

• Не монтирајте дифузер за пламен на

пламениците.

2.3 Грижа и чистење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од оштетување на

апаратот.

• Редовно чистете го апаратот за да

спречите оштетување на материјалот на

површината.

• Не користете воден спреј и пареа за

чистење на апаратот.

• Немојте да ги чистите пламениците во

машината за миење садови.

• Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.

Користете само неутрални детергенти. Не

користете абразивни производи, абразивни

сунѓери за чистење, растворувачи или

метални предмети.

2.4 Отстранување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од повреда или задушување.

• Контактирајте ја општинската власт за да

добиете информација за правилно

отстранување на апаратот.

• Исклучете го апаратот од приклучокот за

струја.

• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Отворете ги надворешните цевки за гас.

62 www.electrolux.com

Advertising