Менување на страната на отворање на вратата – Electrolux ENF2440AOW Manuel d'utilisation

Page 139

Advertising
background image

139

Македонски

10.

Менување на страната на отворање на вратата

Страната на која се отвора вратата може

да се промени од десна страна (како што е

испорачано) во лева страна, доколку тоа го

бара местото за монтажа.
Пред да го положите фрижидерот на задната

страна за да добиете пристап до основата,

потребно е да лежи на пакување од мека

пена или сличен материјал за да се избегне

оштетување на цевките за ладење на

задниот дел од фрижидерот.

1.

Поставете го фрижидерот и користете

зашилен шрафцигер за да ги отстраните

четирите капачиња на навртките на

задната страна од капакот на фрижидерот.

2.

Одвртете и подигнете го капакот од

задната страна и отстранете го, а потоа

подигнете ја горната врата и поставете ја

на мека површина за да спречите нејзино

оштетување.

3.

Отстранете ја горната шарка, пренесете ја

на левата страна и прицврстете ја добро, а

потоа ставете ја на безбедно место.

4.

Отстранете ги двете хол-завртки, а потоа

отстранете ја средната шарка која ја држи

долната врата. Подигнете ја долната врата

и поставете ја на мека површина за да

спречите нејзино оштетување.

5.

Отстранете ги капаците од отворите за

шарките од десните дупки како што е

прикажано на сликата и пренесете ги во

непоклопените дупки на левата страна.

Advertising