Безбедносни информации, Содржина, 1 безбедност на деца и ранливи лица – Electrolux ENF2440AOW Manuel d'utilisation

Page 129: 2 општа безбедност

Advertising
background image

129

Македонски

Во интерес на Вашата безбедност, а и за

да обезбедите правилно користење, пред

инсталирањето и пред првото пуштање на

уредот во работа, внимателно прочитајте

го овој прирачник, вклучувајќи ги неговите

совети и предупредувања. За да избегнете

непотребни грешки и незгоди, важно е да

се уверите дека сите луѓе што го користат

уредот се темелно запознаени со неговите

работни и безбедносни карактеристики.

Чувајте го упатството и погрижете се да биде

со апаратот ако се премести или продаде, за

да може секој што го користи во работниот

век да биде правилно информиран за

употребата на апаратот и за безбедноста. За

безбедност на животот и имотот чувајте ги

опомените за претпазливост од ова упатство

бидејќи производителот не е одговорен

за штетите предизвикани од нивното

непочитување

1.1

Безбедност на деца и ранливи

лица

• Овој апарат не е наменет за користење

од лица (вклучувајќи ги и децата) со

намалени физички, сетилни или ментални

способности или од лица без искуство

и знаење, освен ако немаат надзор и

упатување за користење на апаратот

од страна на лицето кое е одговорно за

нивната безбедност. Децата треба да се

под надзор за да не си играат со апаратот.

• Чувајте ги сите амбалажи за пакување

далеку од децата. Постои опасност од

задушување.

• Ако го расходувате апаратот, извлечете

го кабелот за струја од штекерот, исечете

го (што е можно поблиску до апаратот) и

извадете ја вратата за да спречите децата

што си играат да не ги удри струја или да

не се затворат во него.

• Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми

за затворање, треба да замени постар

апарат што има брава со пружина на

вратата или капакот, погрижете се да ја

онеспособите бравата со пружина пред да

го расходувате стариот апарат. така ќе се

спречи тој да стане смртоносна стапица

за децата.

1.

Безбедносни информации

1.2

Општа безбедност

ВниМание!

Внимавајте отворите за проветрување

да не бидат блокирани.

• Апаратот е наменет за чување

прехранбени продукти и пијалаци во

нормално домаќинство, како што е

објаснето во ова упатство.

• Не користете механички уреди или

вештачки средства за забрзување на

топењето.

• Не користете други електрични

апарати (на пр. мешалки за сладолед)

внатре во ладилници, освен ако не се

одобрени за таква намена од страна на

производителот.

• Не оштетувајте ги водовите за ладење.
• Средството за ладење изобутан (R600a)

што кружи низ водовите за ладење на

апаратот е природен гас со високо ниво на

еколошка подобност, но сепак е запалив.

За време на превозот и монтажата на

апаратот, внимавајте да не се оштети

ниеден дел од водовите за ладење.

Доколку се оштетат водовите за ладење:

– избегнувајте отворен оган и извори на

искри

– проветрете ја темелно собата во која е

сместен апаратот

• Опасно е да се менуваат спецификациите

или да се вршат какви било промени на

производот. Секое оштетување на кабелот

може да предизвика краток спој, пожар и/

или струен удар.

ПРедУПРедУВаЊе!

Сите електрични делови (кабелот за струја,

приклучокот, компресорот) мора да ги замени

сертифициран или квалификуван сервисер.
1.

кабелот за струја не смее да се

продолжува.

2.

Погрижете се приклучокот за напојување

да не е смачкан или оштетен од задниот

дел на уредот. Смачкан или оштетен

приклучок за напојување може да се

прегрее и да предизвика пожар.

3.

Погрижете се кабелот за струја на

апаратот да биде пристапен.

СОДРЖИНА

1.

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ ..............................................................129

2.

кОНтРОЛНА тАБЛА ..................................................................................131

3.

ПРВА УПОтРЕБА ......................................................................................132

4.

СЕкОјДНЕВНА УПОтРЕБА .....................................................................132

5.

кОРИСНИ СОВЕтИ И ПРЕПОРАкИ ........................................................134

6.

НЕГА И ЧИСтЕЊЕ .....................................................................................135

7.

ШтО ДА СтОРИтЕ АкО... .........................................................................136

8.

тЕхНИЧкИ ПОДАтОЦИ ............................................................................138

9.

МОНтАЖА ..................................................................................................138

10.

МЕНУВАЊЕ НА СтРАНАтА НА ОтВОРАЊЕ НА ВРАтАтА ....................139

11.

ЕкОЛОШкИ ПРАШАЊА ............................................................................141

Advertising